Македонија

Николовски: Студентските домови најверојатно ќе се отворат во септември

Директорот на Државниот студентски дом Скопје, Дарио Николовски утрово во гостување на емисијата „Утрински брифинг“ откри дел од активностите и идни случувања поврзани околу студентските домови.

-Во моментов сите студентски домови се празни. Ги следиме препораките на Владата и согласно тоа ќе се подготвуваме. Нема промени дека студентскиот живот во студентските домови набрзо ќе се врати во нормала,- вели Николовски.

Тоа во студентските домови е искористено за подобрување на условите за живот на студентите и корегирање односно уредување на дел од проблемите со кои се соочувале студентите.

-Се согласувам дека можно е оваа студентска година да заврши вака. Напоменав дека будно ги следиме мерките и препораките и доколку се случи промена или потреба и оваа студентска година домовите да се отворат – ќе го направиме тоа. Но, претпоставките се дека тоа нема да се случи во скоро време,- додаде Николовски.

Николовски отрки и дека се работи на реновирање на зградите. Откако во февруари беа отворени два блока во Гоце Делчев, со реновирање ќе започнат зградите 1 и 2 во Стив Наумов.

Прочитајте и...  МОН: Студентските домови нема да се отворат до крајот на академската година

Во следниот период во студентските домови ќе се посвети и поголемо внимание на хигиената, но се очекува подобрување и на храната и останатите услови за подобар студентски стандард на студентите.

Најпопуларно


To Top