Астрологија

Нив никој неможе да им одолее: Жените родени во овој хороскопски знак имаат неверојатна моќ!

Ако и вие сте Вага во хороскоп, тогаш за вас имаме мала тајна. Од искуство знаеме дека едноставно сите полудуваат кога ќе запознаат некоја вага. Вашиот шарм и заразна насмевка се неодолива мамка и невнимателните поединци би можеле да се најдат фатени во вашата мрежа, а да незнаат што ги снашло.

Дали знаете дека ваги во хороскоп се Гвинет Палтроу и Моника Белучи? Едната е нежна и тивка, онака каква што како деца сме ги замислувале добрите вили, а другата страствена како да е составвена од оган и мраз. Но сепак, покрај сите разлики на прв поглед се гледа дека се подеднакво грациозни и неодоливи. Да драги мажи, тоа се жените Ваги!

Да се навратиме на шармот од вагите. Бидете искрени и признајте дека понекогаш го користите за да лесно постигнете некоја цел, зар не? Би ви кажале дека тоа не е добро, но кој може да ви се налути кога со еден поглед може да го омекнете секој соговорник.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Хороскопските знаци кои најверојатно ќе бидат многу богати

Вие никогаш на агресијата нема да одговорите со уште поголем гнев, пред тоа со мила енергија ќе го смирите соговорникот и ќе го вратите назад во мирните води. Секако и вие имате граница преку која не дозволувате да ве истуркаат, па избегавате примитивни и гласни луѓе, тие не се ваше друштво и не се чувствувате пријатно во нивна близина.

Своите ставови не ги наметнувате на другите, ниту па ги лувате до последен момент. Во вас постои големо сочувство и желби искрено да разберете што мислат другите луѓе. Ако откриете дека размислуваат поинаку од вас, нема без размислување да ги прогласите за глупи и да пробате да ги уверите во вашите ставови, туку ќе размислите дали тие сепак се во право?

Во љубовта вагата игра отворено и без скриени адути во ракавот, а истото го бара и од својот партнер.

Вагата се чувствува убаво во долга врска, подобро отколку некои пролазни авантури кои не водат никаде. Сепак и во најсилната врска бара малку простор за себе. Поради силната смисла за правда, вагата истата слобода му ја дава и на партнерот. Од него ќе очекува многу, но за возврат ќе му биде најголема поддршка која може да се замисли.

Прочитајте и...  Зошто Вагите се најпријатните и најфини луѓе?

Кога имаат деца вагите се одлични и грижливи родители. Ако се појават проблеми тие ја покажуваат својата цврста страна и кога ќе стане густо тие покажуваат сила која не ни знаат дека ја имаат.

Најпопуларно


To Top