Галерија

Низ ходниците на напуштените храмови во Камбоџа (ГАЛЕРИЈА)

Осамени, запоставени и заборавени, ладните ѕидови на комплексот храмови во Ангкор се уште ја раскажуваат приказната за славните денови.

Сокриен во тишината на природата помеѓу езерото Тонле Сап и планината Кулен, Ангкор ги чува остатоците од величенственото Кмерско Царство.

Ангкор своето име го добива по санскритскиот збор нагара (नगर) , што значи „главен град“. Претходно, храмот бил познат како Преах Писнулок, име дадено според постхумната титула на основачот Сурјаварман II.

Како таков, тоа е еден од најзначајните археолошки наоѓалишта во југоисточна Азија, а во него можат да се најдат урнатини кои датираат од 9 до 15 век. Се верува дека станува збор за најголемиот прединдустриски град во светот, а експертите веруваат дека во екот на моќта на Кмер, милиони луѓе живееле во него.

Најинтересниот дел од Ангкор се секако неговите прекрасни храмови – тој сам по себе се смета за гигантски комплекс на религиски објекти кои претставуваат типичен пример за кулминационата точка на кмерската архитектура.

Сепак, по падот на Кмер, храмовите беа напуштени и започнаа борба со природата, а таа полека излезе како победник. Прекрасните храмови полека беа проголтани од страна на џунглата. Сепак, постои надеж: некои од храмовите се обновени, некои допрва ќе бидат, а историјата скриена меѓу лисјата и стеблата привлекува околу два милиони туристи годишно.

Прочитајте и...  20 фотографии кои докажуваат дека татковците се најдобрите пријатели на ќерките

Најпопуларно


To Top