Галерија

Номадски живот: Кои се првите сопственици на подвижни куќи?

Уметноста на номадскиот живот помина пат од Европа до Америка, а денес е тренд во цел свет. Први сопственици на вакви компактни ѕидови на тркала се љубители на луксузот, украсите и живописните бои.

vardo putujuci karavani1 135421936
, Image: 132112099, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Alamy

Животот на тркала поради слободата и авантуристичкиот карактер секогаш наоѓал пат до луѓето кои имаат немирен дух. Иако честопати се припишува на американската култура и начин на живот, првите мобилни домови доаѓаат од Европа.

vardo putujuci karavani2 836776812

Првите сопственици на вакви домови се луѓе кои поголемиот дел од својот живот го поминале во патување. Наместо да поставуваат шатори повторно и повторно секогаш кога ќе застанат на некое место, тие имале приколки кои ги влечеле коњи. Во рамките на овие приколки се извршувале секојдневните работи – се готвело, јадело и спиело.

vardo putujuci karavani3 613898754

Во средината на 19 век тие станале дом за Ромите. Тие потекнуваат од северозападна Индија, земја што нивните предци ја напуштиле пред околу 1.500 години и кои се населиле низ целиот свет, но најмногу во Европа и Централна Азија. Во последните 100 години Ромите се населиле во Америка.

Прочитајте и...  Мајка прикажува како е да имаш деца преку 25 смешни илустрации
vardo putujuci karavani4 557521602
, Image: 251902676, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Alamy

Овие специфични каравани исто така се нарекуваат и „вардо“ – потекнува од зборот „вурдон“ што значи  товарен автомобил. Приколките кои биле населени од Ромите биле помали и затоа барале помала коњска сила за влечење.

vardo putujuci karavani5 270758613

Ромите се многу горди на изгледот на нивните мобилни домови – тие често се богато украсени со разни мотиви, резби и убава боја. Некои дури се и позлатени. Со текот на времето приколките еволуирале и ја изгубиле првобитната практична намена, па од место за спиење станале вистински експонати. Во нив дури малку луѓе спиеле. Преферирале да спијат во шатори или под приколката.

vardo putujuci karavani6 940750034

Доколку сопственикот на патувачката куќа починел, обичај било сета негова имовина да се запали, вклучувајќи го и вардото, бидејќи Ромите верувале дека се што може да го носи духот на починатиот не смее да се продава. Парите и накитот ги наследувало семејството.

До денес , само неколку оригинални „вардо“ домови се зачувани. Тие се наоѓаат во склоп на музеи или во рацете на приватни колекционери.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top