Случувања

Нов изглед на Facebook и Instagram наскоро – погледнете како ќе изгледааат

Социјалната мрежа Facebook на својата F8 конференција објави многу новости околу нивните социјални мрежи Инстаграм, Месинџер и Фејсбук. По големиот број на скандали поврзани со Фејсбук годинава, тие објавија дека ќе притискаат да им помогнат на луѓето да се поврзат со пријателите и семејството.

Нов дизајн на Фејсбук фокусиран на групи и настани

facebook

Фејсбук ќе ги замени новостите на почетната страница. Фејсбук ќе направи персонализирана листа на новости од групи во кои сте зачленети – наместо како до сега генералните новости од сите ваши пријатели. Опции за групна интеракција ќе се појават и во другите делови на Фејсбук.

Новиот дизајн исто така треба да им помогне на луѓето да ги прошират своите пријателски кругови. Вклучува функција наречена „Запознај нови пријатели“ која ве поврзува со луѓе во зависност на повеќе фактори (заедно работите, сте посетувале исто школо).

Нова инстаграм камера

instagramnewcameramode

Инстаграм има репутација на едно од најпријателските места на Интернетот. Наскоро ќе има нова камера и „Креативен режим“ кој ќе ви го олесни споделувањето на содржини поразлични од само слики и видеа, како квизови. Инстаграм исто така ќе ги прошири опциите за купување производи директно од апликацијата.

Прочитајте и...  Спиењето и вашето здравје

Најпопуларно


To Top