Нов изглед на Viber

Viber во декември го прослави осмиот роденден, а синоќа ја претстави новата верзија со променет изглед.

Од компанијата рекле дека корисниците во изминатите осум години Viber го направиле важен дел од секојдневниот живот разменувајќи милијарди пораки и минути разговор. 

“Благодарам, навистина сме почитувани. На почетокот на оваа година возбудени сме да Ви го претставиме новиот Viber 10”, соопштуваат од компанијата.

Од Viber велат дека новата верзија ќе биде подобра, побрза и побезбедна за испраќање пораки.

“Во текот на минатата година вложивме многу труд во подобрување на квалитетот. Праќањето на пораки станува два пати побрзо од претходно, додека понапреден е и квалитетот на аудио и видео пораките.

Мобилната апликација наместо препознатлива виолетова боја, сега има посветла нијанса, а дизајнот е многу поедноставен. На почетното мени сега има само опции за пораки, повици и поставки.

Новата верзија на Viber носи и групни видео пораки до пет корисници. Сепак, на почетокот постои можност дека некои корисници ќе ја имаат само опцијата за групни аудио повици.

Прочитајте и...  Едноставни начини да се заштитат децата од штетното зрачење на мобилните телефони
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.