Македонија

Нов медицински шприц патентира 16-годишен Прилепчанец

Ученикот во втора година во гимназијата „Мирче Ацев“ –Прилеп , Сашо Јандрески, е еден од најмладите иноватори , кои на свои 16 години успеа да  патентира уникатен и специјален медицински шприц.

Го нарече  „Јандреовиот шприц“ и синоќа, свој прототип го презентираше и го промовираше пред присустне во  сала во Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп : здравствени работници , фармацевти, ветеринари, лекари, медицинки сестри, професори од основните и средните училишта, раководители на здравствени установи, преставниците од локалната самоуправа, граѓани, сооученици и пријатели … и, доби пофални критики и големо воодушевување за неговата изворедена иновација и темелна промоција и силен аплауз.

Фото: radiopela.mk

Станува збор за медицински шприц наменет пред се за заштитна на здравствените работнци,  кој не користи памук и алкохол, бидејќи самиот има во него,  и кој  после првото користење, иглата се закочува и нема можност да се користи повторно. Шприцот  е компактибилен и за венска и за мускулна терапијаи  и може да се направи од биоразградлива пластика со цела заштитита на животната средина од прекумерното користење на пластиката . Шприцот е уникатен и во начинот на дозирање.

Прочитајте и...  Филип Ангеловски, момче со Даунов синдром, готви за себе и за бездомниците

.„За  полесно се дозира има две мерни скали и тоа едната мерна скала е многу поретка, а додека другата е многу позачестена, односно на едната скала работиме со десетинки од милилитарот, а на другата скала со половинки од милилитарот.- истакна Јандерски презентирајќи ја својата иновација.

„Јандреовиот шприц“ се состои од 3 основни дела : волуменската капсула, главата на волуменската капсула и притисочната рачка,сите подеднакво важни .

„ Мојот шприц употребува обични модели на игли кои и денес се употребуваат. Сите тие игли се со различна големина, знаете ја имате таа стандардна големина, тука главата на иглата е обоена со зелено и другите помали и поголеми димензии на игли.  Мојот шприц е компактибилен со сите тие големини на игли, а има само мала разлика кај притисочната рачка. Но, она што е најважно со овој иновативен медицински шприц е тоа што до 99 % е заштитен  здравствениот работник кој го употребува шприцот,бидјеќи нема контакт со пациентот. Но, и пациентот е заштитен од несакани инфекции при нанесување на памукот со алкохол,вадењето на иглата итн. “ нагласи младиот иноватор.

Прочитајте и...  На денешен ден во 1953 г. во Белград умрел Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист

Прочитај ја целата статија ТУКА.

Извор: radiopela.mk

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top