Случувања

Нов Зеланд си најде ново хоби за време на карантинот-продажбата во продавниците за секс играчки триплирана

Како и сите низ светов, така и жителите на Нов Зеланд направија залихи на тоалет хартија и брашно. За разлика од сите низ светов, жителите на Нов Зеланд направија и залиха на секс-играчки. Веројатно против монотонија.

Најголемиот продавач на секс-играчки во земјата објави дека продажбата нагло им пораснала за три пати откако премиерката објави 1-месечен карантин.

Со новите правила жителите смеат да излезат од дома само за да се снабдат со основни потребштини и услуги, или за да се прошетаат (веројатно затоа што држењето дома на здрави и прави луѓе без престан удира и на здравје и на психа).

Освен што скокнала продажбата, се забележува и дека Новозеланѓани периодов посегнале по играчки, помагала и аксесорис, кои претходно главно ги игнорирале.

„Продаваме многу играчки за почетници… нашата програма за почетници е многу популарна. Изгледа како луѓето да почнале да размислуваат: ’Имам време, може ќе пробам нешто ново,’“ изјавила портпаролката на Адулт тој мегастор.

Ланецот продавници е прогласен за неопходен сервис од владата на Нов Зеланд, па дозволено му е да работи за време на националниот карантин. На компанијата ова и успева затоа што продава кондоми и медицински предмети.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Бебе на седницата на собранието на Нов Зеланд, спикерот го хранеше со цуцла

Најпопуларно

To Top