Занимливости

Нова еволуција, во текот на 20 век луѓето добиле коска повеќе

Истражувачките резултати покажале дека според бројот на коските се враќаме на своите предци.

shutterstock 561100795 931752194

Познато е дека скелетот на возрасен здрав човек содржи 206 коски од кои најголемиот број е локализиран во пределот на шаките и стапалата. Најновите истражувања покажуваат дека овој податок можеби подолго време не е точен.

Тројца научници на Универзитетот во Британија докажале дека човештвото во текот на последните 100 години развило 207 коски во организмот. Коската се нарекува фабела и сместена е на задната страна на зглобот на коленото, а функцијата на оваа коска е да ја чува тетивата која поминува преку зглобот од оштетување и ги потпомогнува нејзините механичка функција. Резултатите од нивното истражување се објавени во Jornal of Anatomy.

До неодамна се сметало дека оваа коска ја имаат  39%  од човечката популација , а присутна е и кај некои видов мајмуни. Како последица на еволуцијата фабела кај мајмуните и кај луѓето исчезнала но кон крајот на 20 век е забележана нејзнина необична појава. Кај луѓето таа е се почеста.

Прочитајте и...  Кровот кој падна од ветерот во Карпош пaднa вpз лyѓe (ВИДЕО)

Најпопуларно


To Top