in

Нова надеж за лицата со изгореници: Наскоро 3D принтање на вештачка кожа

Замислете лечењето на изгорениците наместо вистинска агонија поради пресадувањето кожа да се претвори во едноставен процес како нанесување самолеплива лента. Токму тоа успеале да постигнат тим од канадски научници.

Станува збор за изум на канадски научници од Универзитетот Торонто и Центарот за здравствена наука Санибрук, односно рачен 3Д принтер на биоткиво кој функционира така што нанесува слоеви вештачка кожа на изгорениците.

Таканаречената биотинта која ја користи принтерот моментално може значително да го забрза процесот на лекување на изгорените делови од телото. Принтерот раните ги прекрива со тенок слој од биоматеријал, лента по лента. Биоматеријалот кој се користи е составен од мезенхимни стромални клетки, а тоа се матични клетки кои се претвораат во специјализирани видови клетки во зависност од околината. Во случајот кај изгорениците тие го поттикнуваат регенерирањето на кожата и ги минимизираат лузните.

Досега успешно се извршени две тестирања во живо на длабоки изгореници, а резултатите се објавени во научното списание Biofabrication. Станува збор за голем чекор за овие научници, кои првиот прототип на 3Д принтерот го направија уште во 2018 година.

Прочитајте и...  Влатко Лозаноски заминува на голема концертна турнеја во Америка и Канада

Се верува дека овој нивни уред е единствен во светот кој ткивото го формира, го нанесува и се впива во процес кој трае две или помалку минути. Од првиот прототип во 2018 година досега научниците имаат направено 10 редизајни на принтерот, а моменталниот дизајн е најблизок до она што тимот го замислува како хирурупка алатка во операционите сали.

Идниот чекор е да поработат на ефектот на намалување на лузните, по што успешно ќе докажат дека нивното ткиво помага во лекување на изгореници на кожата. Според предвидувањата на канадските научници, уредот би можел да се најде во операционите сали во текот на наредните пет години.

Извор: Inovativnost.mk

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote