Нова промена на Facebook – повеќе не е бесплатно!

Фејсбук, најголемата социјална мрежа направи огромна промена на слоганот на компанијата – не е повеќе бесплнатно!

Јули 2019 и сега

Слоганот повеќе од 10 години беше „Бесплатно е, и секогаш ќе биде.“ – но тоа не е повеќе така!

По повеќе од 10 години, слоганот е променет и сега гласи „Брзо е и лесно“. Наводно, слоганот бил променет некаде околу 6-7 август, а причината не е позната за тивката промена.

Од Фејсбук сеуште нема официјална реакција, дури и месец дена по промената. Се шпекулира дека промената е направена поради тоа што Европскиот суд пресуди дека размената на податоци која ја прави Фејсбук е вид на плаќање, па можеби затоа Фејсбук го промени слоганот.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.