Македонија

Нови 12 заболени од коронавирус

Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (88)
– Дебар (40)
– Куманово (8)
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)

Поради собирање на податоците до 12:00 часот, за деталниот извештај, министерот ќе информира секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот.

Прочитајте и...  Во Вухан "ја дочекаа светлоста на денот": Се радуваат и на најобичното одење до продавница

Најпопуларно


To Top