Иако во епидемиолошкиот коментар од Институтот за јавно здравје нагласуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување и истата ја препорачува на целото население, особено за лица од т.н. ризични групи, вакцини се уште нема ниту во центрите за јавно здравје, ниту во приватните здравствени установи во целата земја.

Нови 29 случаи на заболувања слични на грип се пријавени во текот на 44-та недела од 2019 година (од 28.10.2019 – 03.11.2019) во РС Македонија, што е за 12 повеќе во споредба со бројот на заболени во минатата недела – 17, објави денеска Институтот за јавно здравје на својата веб страна.

Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 9 извештајни единици, а најмногу  заболени има во ЦЈЗ Куманово – 12 лица.

Во оваа сезона 2019/2020, вкупниот број на заболени од грип изнесува 80. Во споредба со истиот период минатата година, тоа е намалување за 19 заболени.

Досега, најголем број на заболени се регистрирани во ПЕ Гостивар (n=15), ЦЈЗ Куманово (n=14) и ЦЈЗ Тетово (n=14), а највисока кумулативна инциденца е регистрирана во ПЕ Дебар (25,2/100.000 жители).

Прочитајте и...  ПАТНИЦИТЕ ВО ПАНИКА: На автобус му откажаа кочниците среде удолница, па не застанал на ниту една станица

Највисока инциденца од 21,6/100.000 жители се бележи во ПЕ Дебар, а најниска во ЦЈЗ Прилеп (1,05/100.000).

Во текот на неделата, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнаа 7 материјали за тестирање за присуство на вирусот на грип, сите се со негативен резултат.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 38 случаи (47,5%), а највисока инциденца (9,5/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Иако во епидемиолошкиот коментар од Институтот за јавно здравје нагласуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување и истата ја препорачува на целото население, особено за лица од т.н. ризични групи, вакцини се уште нема ниту во центрите за јавно здравје, ниту во приватните здравствени установи во целата земја.

Според изјавите на министерот за здравство, Венко Филипче, вакцинацијата на граѓаните се очекува да почне по 15. ноември. Во тек биле жалбите на одбиените на јавниот оглас за набавка.

Прочитајте и...  Четири лица тешко повредени во сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Релативно малиот број на регистрирани случаи на грип, кој е под неделната граница за сезонска активност, како и негативните резултати добиени од вирусолошкиот надзор, според ИЈЗ, одат во прилог на ниска (вон-сезонска) активност на вирусот на грип на територија на Македонија.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за