Вести

Нови 49 случаи со корона вирус, двајца починати

Уште две жртви на КОВИД-19 во земјава. Едниот е 73-годишник од Прилеп кој на 1 април бил хоспитализиран на Инфективниот оддел во Скопје.

Другиот починал во Куманово на Клиниката за хематологија на 76 години. Сега бројката на смртни случаи изнесува 34.Регистрирани се и нови 49 случаи на заразени од КОВИД-19. Вкупната бројка на инфицирани се искачи на 760.Најмногу од позитивните случаи, како и изминативе неколку дена, се регистрирани во Скопје и Куманово – со 13, односно 14 новозаболени.

Следуваат Прилеп со 8, Штип и Велес со 6, а Гостивар и Кочани регистрираа по еден новозаболен.

Главниот град и натаму е на врвот на листата со најмногу заразени лица од КОВИД-19 – бројката е речиси 300. Куманово е на второто место со 182, а Прилеп го надмина Дебар на третото место по бројот на инфицирани лица, сега има 58.На скопската Инфективна клиника примени се уште 3 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 68 пациенти, од кои 15 се на кислородна а 8 на механичка вентилација.Во Битолската болница уште 5 пациенти се примени. Во Штип, пак, моментално престојуваат 13 пациенти, а уште 13 се следат од страна на здравствените власти кои се лекуваат во домашни услови.Во изминативе 24 часа се направени рекорден број тестови, вкупно 586

Прочитајте и...  Промовирана аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески

Најпопуларно


To Top