Македонија

Нови 7 заболени од коронавирусот во Македонија, вкупно 42 во земјава

Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.

Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.

Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови ќе информираме во текот на утрешниот ден, објавија на Фејсбук од Министерството за здравство.

Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се…

Gepostet von Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë am Mittwoch, 18. März 2020
Прочитајте и...  Уште 5 македонски граѓани позитивни на коронавирус, вкупно 31 заболен

Најпопуларно

To Top