Случувања

Ново истражување: Океаните се дом за стотици илјади вируси

Во океаните, според најновите истражувања, живеат речиси 200.000 вида на вируси.

4 ocean

Истражувачите во океаните од Северниот до Јужниот пол откриле вируси длабочина од 4.000 метри.

Иако повеќето се безопасни за луѓето, тие можат да го заразат морскиот свет, вклучувајќи ги и китовите и раковите.

Истражувачите од Државниот универзитет во Охајо составија мапа на вируси во светот што се пронајдени во море врз основа на примероци од морска вода со речиси 80 локации ширум светот. Количината на вируси е речиси 12 пати повисока отколку што претходно се сметало. Научниците биле изненадени кога откриле дека вирусите во море може да се поделат на само пет групи, врз основа на локацијата и длабочината каде се наоѓаат.-Кога ги испитувавме вирусите од секоја група, пронајдовме докази за генетска адаптација на различни делови од океанот, вели истражувачот Ен Грегори од КУ Левен, Белгија. Друго изненадување за истражувачкиот тим било дека на Арктикот има голем број на различни вируси. Претходно научниците мислеа дека топлината позитивно влијае на разновидноста на вируси, така што најразлични групи би можеле да најдат околу екваторот.

Прочитајте и...  Исфрлете ги од вашиот дом што поскоро: Работи за кои сигурно не сте знаеле дека имаат рок на траење!

Во литар морска вода обично се содржат милијарди вируси – од кои огромното мнозинство не се познати. И според најновите мерења, 90 проценти од вирусите во океаните не може да се класифицираат во одредена група која е веќе позната во науката. 

Најпопуларно


To Top