Занимливости

Новогодишните и божиќни декорации низ историјата (ГАЛЕРИЈА)

Ви носиме одговор на прашањето како настанале сите оние разни украси кои денес ги купиваме или ги вадиме од нашите плакари за време на празниците и припремите за дочек на Нова Година и Божиќ.

Секој декември кога ги отпакуваме своите омилени празнични украси, се потсетуваме на нивното значење – поклон од баба, украси кои сме ги изработиле како деца …. Меѓутоа, повеќето традиционални предмети исто така имаат своја историја и приказна која и не е толку позната.

СВЕЌИ

Извор „Не го пробувајте ова дома“: Во 17 век во Германија некој добил идеја својата елка да ја украси со запалени свеќи. Се смета дека оваа традиција започнала во САД околу 1830 година (претседателот Френклин Пирс ја украсил својата елка на тој начин во 1856 год.). Иако сме сигурни дека ова е интересен начин на украсување, очигледната опасност од пожар се намали со пронаоѓањето на електричните сијалички кон крајот на 1890 год.

ШЕЌЕРНИ БАСТУМЧИЊА

Šećerna luša

Легендата вели дека добро познатите црвено-бели бастумчиња датираат од 1670 година кога германскиот хорски диригент им давал шеќерни стапчиња на малите пејачи за да бидат мирни додека трае настапот. Во 1847 година, Август Имгард, шведско-германски имигрант кој живеел во Охајо, станал првиот американски набавувач на шеќерни бастумчиња. Денес тие се најпродаваните слатки во текот на декември без кои празниците се незамисливи.

Прочитајте и...  Погледнете како изгледа 70 годишна жена која 28 години не конзумирала шеќер

БОЖИЌНА ЅВЕЗДА

Božićna zvezda

Божиќната ѕвезда потекнува од Мексико каде што прв ја забележал амбасадорот Роберт Џон Понсети. Името „божиќна ѕвезда“ го дале шпанските освојувачи заради тоа што цветот потсетувал на ѕвезда и цветал за време на Божиќните празници. Постојат две легенди за настанокот на Божиќната ѕвезда – мексиканска и астечка. Според старата мексиканска легенда, првата Божиќна ѕвезда настанала од молитвите на две деца од селото, девојчето Марија и нејзиниот помал брат Пабло. Тие биле толку сиромашни што не можеле да му купат поклон на Исус. На Бадник, на патот кон црквата, собирале букет од билки наместо поклон, а кога ги ставиле собраните билки околу лулката, нивните зелени листови се претвориле во сјајни црвени ливчиња.
Според другата легенда, ѕвездата настанала благодарение на божицата на убавината за Ацтеките чие срце било скршено заради несреќна љубов. Од капките од нејзината крв израснал огнен светло-црвен цвет опкружен со зелени листови.

ИМЕЛА

Imela

Во античко време, ова зимзелено растение се користело за плодност и како афродизијак, па затоа не е чудно што античките Грци одлучиле дека е добро да се бакнуваат под него. Овој обичај се задржал во некои земји во текот на Божиќните празници. Кога двајца ќе се сретнат под имелата треба да се бакнат, бидејќи овие бакнежи носат среќа, а се верува и дека од овој бакнеж може да се роди вечна љубов.

Прочитајте и...  6 правила за основна етика кои повеќето од нас секојдневно ги прекршуваат

ВЕНЕЦ

Venčić

Божиќниот венец датира од антички Рим и Грција, кога на главите се носеа прстени од гранчиња, цветови и лисја. Во христијанството, зимзелените венци симболизираат сила и вечен живот, а во текот на новогодишните празници се ставаат на врата и претставувајќи го Божиќниот дух. Денешните венци се прават од бобинки и борови иглички и секоја година се сè полуксузни и поубави.

ЧОРАПИ ЗА ПОДАРОЦИТЕ НА ДЕДО МРАЗ

Čarape za Deda Mraza

Традицијата на Божиќните чорапи кои висат на каминот за Дедо Мраз да ги наполни со подароци прв пат се појавува во поемата на Клемент Кларк Мур ‘Twas the Night Before Christmas’.

СНЕЖНА КУГЛА

Snežna kugla

Не е познато точно кога е направена првата снежна топка, но постојат докази дека за прв пат се појавила во Франција во почетокот на 19 век. Снежните топки се појавиле на Париската светска изложба во 1878 година и до 1879 година најмалку пет компании започнаа да ги произведуваат и продаваат ширум Европа. Првично, во прашање биле фигури затворени во стаклени кугли без вода и снег. Дури околу 1900 година виенскиот производител Ервин Перци патентирал снежна кугла со вода и снежни ефекти и со тоа направи револуција на овој препознатлив сувенир. Перци кој целиот живот поправал хируршки инструменти, по барање на еден хирург да направи нешто со што ќе ја зголеми светлината во операционата сала, направил топка со вода пред која поставил свеќи, а за да се зголеми рефлексијата во водата, тој ставил различни честички кои личеле на снег.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top