Текстови и колумни

Новото утро

Новото утро говори: Разбуди се, жив и здрав си. Твоето тело се движи, срцето се уште ти чука. Не прашувај зошто си буден рано, или пак си легнал подоцна. Земи лист хартија и нацртај си сонце, едно големо убаво сонце. Направи си кафе и набљудувај ги нештата низ животот. Облечи ја најубавата облека денес иако не е марка, од шминка стави насмевка. Нека косата ти биде прекрасна. Чекори десна, лева, движи со став. Почувствувај ја крвта како струи низ вените, почувствувај како ветрето те гали нежно, биди девојка со прекрасна насмевка, освои го светот, биди толку прекрасна што ќе им се спротивставиш на сите лоши нешта. Запишувај ги сите убави моменти,но и тие лошите,а кога некој ќе те праша зошто пишуваш? Одговори: Бегам од реалноста. Мирот кој те опкружува во тебе е најубавото нешто што те дружи во остатокот од денот. Пронајди се себе во овој голем, а мал свет.

Прочитајте и...  „Мајка“

Сања Симјаноска

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top