Обезглавени мачки на тревник околу зграда во Ново Лисиче само неколку дена откако скопјанец пукаше со пушка во кучиња во оваа населба, јавува Канал 5.

nasilstvo vrz zhivoni

Од невладините за заштита на животните бараат од институциите да ги засукаат ракавите и сериозно да пристапат кон решавање на овие случаи, кои за жал стануваат се почести.

Институциите се премногу инертни, едноставно не ја согледуваат сериозноста на овие дела. Ние баравме и законски измени, баравме проширување на законот за полиција, дури  ние баравме да ни се дадат некакви инспекциски ингеренции во рамки на законот за благо состојба на животните, бидејќи тој беше поподатлив за менување, меѓутоа законодавното тело не дозволува. Едноставно нема слух за работите да се придвижат кон подобро.

На сличен грозоморен настан пред само 1 месец сведоци беа и жителите на скопски Аеродром каде до смрт беа искасапени 2 бездомни кучиња, миленици на целото маало. Полицијата отвори случај, но се уште трага по сторителот, на кого му се заканува затворска и парична казна од 3 илјади евра, според законот за благосостојба на животните. Пред само една недела пак, лишен од слобода беше скопјанец кој со пиштол пукал по кучиња.

Прочитајте и...  НФФ бара „вранецот“ да се откупува за 17, а „смедеревката“ за 16 денари по килограм
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде