Занимливости

Објавила видео на кое нејзиниот син му пее на својот брат со Даунов синдром, не ни сонувала што ќе се случи

Никол Пауел објави на Фејсбук слатко видео од нејзиниот шестгодишен син како му пее на својот помлад брат. Следното утро, видеото имаше над милион прегледи и стотици коментари на таа социјална мрежа.

Шестнеделниот Трип е роден со Даунов синдром, а првите недели од животот ги помина на одделението за интензивна нега. Тој пристигна дома пред две недели, а тоа најмногу го израдува неговиот постар брат Рејс.

„Од денот кога се роди, Рејс го држи во раце. По школото, ќе дојде, ќе разговара со него и ќе му го раскаже неговиот ден “, вели мама Никол.

Нашол и песна за неговиот помлад брат. Тој одлучи дека „10 000 часа“, која ја пеат Дан + Шеј и Џастин Бибер ќе биде нивната химна.

„Оваа песна е за тебе“, му вели Рејс на својот брат, пеејќи, а мама го сними моментот со камера.

„Би потрошил 10.000 часови и 10 000 повеќе ако треба да го запознаам твоето срце. Можеби никогаш нема да успеам, но ќе пробам. Ќе те сакам 10.000 часа остатокот од мојот живот“, му пее Рејс на Трип, нежно држејќи го во раце.

Прочитајте и...  Одберете една свеќа и откријте ја вашата моментална состојба на ум

This is how Rayce bonds with Tripp. He sings to him all the time. He swear this song is about him and his brother. He’s singing, “I’d spend 10,000 hours, and 10,000 more if that’s what it takes to learn that sweet heart of yours. I might never get there but I’m going to try if it’s 10,000 hours or the rest of my life, I’m going to love you.” Love doesn’t count chromosomes, or as Rayce says, “Aren’t we all different?”🥰💙💛 follow Tripp’s journey TeamTripp#DownSyndrome #NothingDownAboutIt #Brotherlylove #ProudMomma

Gepostet von Nicole Powell am Montag, 30. Dezember 2019

Најпопуларно

To Top