Очув монструм од Србија признал дека неколку пати силувал девојче – полицијата се шокирала

Јаблан В., очув на 13-годишната Ј.С. од Кисача признал дека повеќе пати го силуваал девојчето и поради таа причина тоа избегало од дома.

Како што пишува Курир.рс, тој во полиција наводно признал дека го силувал девојчето, посвоената ќерка на неговата невенчана сопруга.

Клопчето на ужасот почнало да се одмотува пред неколку дена откако 13-годишното девојче повеќе пати се јавувало во полиција и молчело,  потоа избегало од дома/

Полицијата лоцирала од каде доаѓал повикот и го привела семејството на информативен разговор. Тринаесетодишното девојче тогаш раскажало дека Јаблан В., долгогодишно момче на нејзината мајка, неколку пати ја силувал. Во страв дека мајка ѝ ќе ја навредува, таа после тоа избегала.

Полицијата Јаблан го задржала на испитување, и тој го признал кривичното дело.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.