Занимливости

Од дебел алкохоличар станал згоден фитнес тренер

Мајк Вадби (31) за 18 месеци од 210 килограми ослабел до 96 килограми. Бил алкохоличар кој неколкупати се обидувал да си го одземе животот. Дури и луѓето кои биле околу него не можеле да го гледаат.

До неговата 21 година живеел со неговите родители и јадел нормално. За појадок имал житарици со млеко, сендвич за ручек и она што ќе го зготвела мајка му за вечера.

Прекумерната тежина всушност ја добил од преголемото количество алкохол, кое подоцна влијаело и на поголемиот апетит за храна.

Пиел по цело шише виски секоја вечер, внесувал по 3000 калории само од алкохол.

Претходно работел како обезбедување во некој супермаркет, но како му се зголемувала тежината така бил се понеспособен за работа, па останал и без неа.

На улица го исмејувале, па почнал сè почесто да се затвора дома, да биде во депресија и да не престанува да пие. Сето тоа го доведувало неколкупати до обиди за самоубиство.

Она што направило пресвртница во неговиот живот е кога бил излезен во некој бар, му пришла девојка која го замолила да излезе бидејќи ѝ било одвратно да го гледа и да биде во иста просторија со него.

Прочитајте и...  5 неочекувани сигнали за натпросечна интелигенција

Цврстиот став да истрае и да успее да ослаби му влијаеле да престане да пие, да јаде одбрана храна, да внесува умерено количество хранливи состојки и калории, јаде само т.н. чиста храна и постојано вежба во теретана.

За 18 месеци ослабел 115 килограми, има одлични затегнати мускули, дефинирано тело кое многумина го посакуваат.

Дури станал и личен тренер познат како Mr. Muscle, на оние кои сакат да ги следат неговите стапки и остава добар пример за тоа што е потребно за секој да изгледа и да се чувствува одлично.

Поддршка му стигнува од сите страни, но тој не престанува со грижата за себе, бидејќи неговото мото е дека „ако правиш нешто добро не треба да го прекинеш.“


Најпопуларно


To Top