Македонија

Од денес започнува со емитување МРТ 5, канал за детска програма

Од денес започнува со емитување МРТ 5, канал за детска програма.

Македонската Радио Телевизија, според Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, е должна да создава и емитува програми од јавен интерес наменети за широката популација.

Претендирајќи да биде модерен јавен сервис кој има значајно место на медиумската сцена, а со цел реализација на препораките од Владата на Република Северна Македонија, ЈРП Македонската Радио Телевизија почнува со емитување на Детскиот канал на МРТ – МРТ 5, нов ТВ програмски сервис од јавен интерес.

Следењето на мислењето и реакциите на јавноста, ја наметна потребата од специјализирани програми наменети за прецизен таргет на публика. Содржини за деца и млади ќе бидат основа за креирање на програмската шема на Детскиот канал на МРТ.

Овој нов предизвик за МРТ, всушност претставува континуитет на улогата и влијанието што го има Образовната програма на МТВ во формирањето на личноста на децата и младите луѓе и во градењето на нивниот критериум за вистинските вредности.

Прочитајте и...  Четири месеци по смртта на Јана Арсовска, Вишиот управен суд пресуди во нејзина полза

Современиот пристап во изборот на содржините кои едуцираат, информираат и забавуваат, како и понудата на сите жанрови програма за деца, се гаранција дека Детскиот канал – МРТ 5, ќе има голем број ТВ конзументи од целната група.

Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку кабелските оператори А1 и Телекабел, ќе можат да го следат новиот Детски канал – МРТ 5, откако ќе ги прескенираат своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите.
Корисниците на Македонски телеком, без никаква интервенција, ќе ја добијат можноста да го следат Детскиот канал – МРТ 5.

Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку DVB-T мрежата на ЈП МРД (односно го примаат сигналот со антена), за да го следат новиот Детски канал – МРТ 5, треба да ги прескенираат програмите на своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите.

Најпопуларно

To Top