Македонија

„Од класика до евергрин“ – концерт на „Скопски солисти“

skopsko leto

Камерниот оркестар „Скопски солисти“ вечер од 20.30 часот во Националната опера и балет ќе одржи концерт  „Од класика до евергрин“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и во рамки на „Скопско лето“.  Диригент е Иван Еминовиќ, а солисти  Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник.

Ансамблот  „Скопски солисти“ е формиран во 2000 година од обоистот Васил Атанасов, кој е и негов уметнички раководител. Членови се афирмирани македонски уметници, како и млади, талентирани музичари. Ансамблот презентира камерна музика – од барок до современа, почитувајќи го и македонското музичко творештво.

Од 2011 година „Скопски солисти“ имаат објавено три цедиња од нивните изведби во живо.  Имаат настапувано на фестивали во земјава и во странство, а ансамблот традиционално одржуваше и Божиќен концерт. 

Прочитајте и...  Паднал ѕид од објект во изградба: Три деца од 13, 10 и 8 години повредени во Скопје
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top