in

Од Ковид-19 почина докторот кој во 27 часовна операција одвои сијамски близнаци споени со главите

Светски познатиот и признат детски неврохирург, кој успешно одвои сијамски близнаци споени со главите, почина од коронавирус.

Доктор Џејмс Т. Гудрич (73) починал вчера по компликации во врска со Ковид-19, информираше болницата каде бил вработен.

Доктор Гудрич во светската јавноста ќе остане запаметен како докторот кој во 2016 година успешно ги одвои сијамските близнаци Џејдон и Анаис кои беа споени со главите.

Операцијата траеше 27 часа и се реализираше во Њујорк. Тогаш 13-месечните момченца Анаис и Џејдон делеа дел од мозочното ткиво. Операцијата за одвојување на нивните черепи траела 16 часа, а натамошните операции биле потребни за да се реконструираат нивните глави.

Прочитајте и...  7 работи кои бојата на менструацијата ви ги кажува за вашето здравје и кога е вистинско време да посетите доктор

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote