Случувања

Од маски за нуркање се прават респиратори кои спасуваат човечки животи (ВИДЕО)

Во овие тешки времиња луѓето се снаоѓаат како умеат справувајќи се со пандемијата на новиот коронавирус. Евтините маски за нуркање ги претвораат во импровизирани респиратори, додавајќи им филтри, за да спасат што повеќе човечки животи.

Такви примери има повеќе, во Чешка, Италија и во Белгија. Маските ги набавуваат од продавници за спортска опрема, а потоа ги дополнуваат со филтри и ги дистрибуираат низ болници и на други места.

Досега направивме 2.200 парчиња и оваа недела планираме да направиме уште 10.000“, велат чешките истражувачи.

3D-printed valves convert snorkel gear into ventilator masks for ...

Вработени на Одделението за инфективно одделение велат дека маските се лесни за одржување, лесно се дише, можат да ги стерилизираат и да ги користат повеќе пати, а филтерот трае долго.

Тестирањата покажаа дека новиот пронајдок ја надмина заштитата од респиратори со најквалитетни филтри.

Слични маски направија и во Италија и во Белгија и се користат во болниците. На интернет исто така се појавија видеа со упатства по кои може да се направи адаптација на маските за нуркање.

Прочитајте и...  Почина Џин Дајч, креаторот на „Том и Џери“ и „Попај Морнарот“

Најпопуларно


To Top