in

Од оваа оптичка илузија ќе ве боли глава: Се движи или не?

Статичната слика покажува сив квадрат направен од помали сиви квадрати и се чини дека се движи со секое движење на глувчето. Корисниците на Редит се обидоа да одговорат на прашањето зошто сликата се движи.

-Морав да зумирам за да сфатам дека централниот квадрат е истата шема како надворешната област, но таа се ротира за 90 степени, напиша еден корисник.

Друг посочи дека „контрастот на темна и светла боја предизвикува оптичка илузија“.

-Мислам дека станува збор за нашиот мозок што се обидува да ја состави сликата. Се чини дека централниот дел е отсечен и свртен, заклучи третиот.

Сепак, во реалноста, сликата е мирна, а вистината е дека всушност е измама што човечкиот мозок не може да ја процесира.

Прочитајте и...  Се засакале на 8 години, а починале заедно во прегратка по 75 години брак

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote