Занимливости

Од Св. Никола до Дедо Мраз: Како настана легендата?

Секое дете може да ви каже од каде доаѓа Дедо Мраз – од Северниот пол. Но неговото историско патешествие е пофантастично и подолго од неговиот годишен, едновечерен пат околу планетата.

Легендата за модерниот Дедо Мраз се раѓа на Медитеранот за време на Римското царство, се проширува преку Северна Европа за на крај да ја добие сегашната форма во Америка. Кој е овој претходник на Дедо Мраз и како се променил преку времето?

Веселиот Св. Никола?

Секој 6-ти декември (19-ти декември во Македонија), верниците го слават денот на Св. Никола низ градовите преку целата планета, а најмногу во Европа. Сликите на Св. Никола значително се разликуваат една од друга, но никоја од нив не изгледа како дебелиот дедо со црвени образи и бела брада. Една од највпечатливите слики на вистинскиот Св. Никола, кој живеел во третиот и четвртиот век, не е создадена од антички уметник, туку од модерните технологии за реконструкција на лице.

Научниците водат дебата околу тоа дали остатоците на Грчкиот светец постојат и ден денес, но традиционално се верува дека моштите на Св. Никола се украдени од Италијански пирати во 11-от век и се пренесени во криптата на Базиликата на Св. Никола, на северниот брег на Италија. Кога криптата била поправана во 1950-те, моштите на светецот биле снимани со рендген зраци и подлежеле на илјадници детални мерења.

Прочитајте и...  Денеска се празнува Св. Никола: Што не треба да правите на овој ден?

Професорите од универзитетот во Манчестер кои се занимаваат со реконструкција на слики на лице ги искористиле овие податоци за да направат модерна симулација. Тие ставиле човечко лице врз името на Дедо Мраз – лице со скршен нос, најверојатно добиена повреда за време на прогонот на христијаните.

Од епископ до дедо што дели подароци

Како овој светец се претворил во човекот од Северниот пол што ни дели подароци за Божиќ? Вистинскиот светец бил со потекло од Ликија, роден во третиот век. Постанал епископ на Мира, мало римско градче во модерна Турција. Никола не бил ниту дебел ниту весел, туку имал репутација за гневен, гласен и силен бранител на верувањата на црквата за време на големиот прогон во 303 година, кога ги гореле Библиите и сите свештеници биле натерани да се откажат од христијанството или биле убивани.

Никола се спротиставил на овие барања и поминал неколку години во затвор. Кога Романскиот император Константин го завршил прогонот врз христијаните во 313, тој бил ослободен. Славата на Никола живеела долго после неговата смрт бидејќи бил поврзуван со голем број на чуда и тој е почитуван и ден денес, независно од неговата поврзаност со христијанството. Тој е заштитникот на голем број на групи на луѓе, од сираци, до морнари и затвореници.

Прочитајте и...  Татко од Турција сам изгради пат од четири километри за неговата ќерка да оди на училиште
Икона на Св. Никола / Фотографија: Alamy Hemis

Никола се стекнал со слава помеѓу светците бидејќи е заштитник и патрон на толку многу групи. До 1200-те тој бил познат како патрон заштитник на децата и магичен дедо кој носи подароци поради две приказни од неговиот живот.

Во првата, подобро позната приказна, три млади девојчиња биле спасени од проституциија кога младиот епископ Никола тајно му донел три вреќи со злато на нивниот татко, кои биле искористени за нивниот мираз.

Другата приказна не е толку позната сега, но била широко распространета во Средниот век. Никола влегол во кафеана чиј сопственик штотуку убил три млади момчиња и ги ставил нивните тела во буриња. Епископот не само што го насетил криминалот, туку и ги оживеал момчињата. Затоа една од групите на кои што е патрон заштитник е децата.

Неколку векови, ликот на Св. Никола ги преземал тие на Римскиот Сатурн или на Один, кои биле претставени како мажи со бела брада и имале магични способности, како летање.

Прочитајте и...  Моментот кога 82-годишна бодибилдерка ќе претепа крадец

По 1500 година, светците како Св. Никола не биле толку многу почитувани, но семејствата и децата во Холандија одбивале да се откажат од Св. Никола, како човек кој носи подароци. Тие го донеле Синтерклас до колониите во Америка, каде што започнува приказната за модерниот Дедо Мраз.

За време на 19-от век, после низа на објави од поети и писатели кои пробувале да го направат Божиќ семеен празник, се проширува легендата за Дедо Мраз.

 Во 1821, анонимна илустрирана поема наречена “Пријателот на децата”, оди многу подлабоко во формирањето на ликот на Дедо Мраз. Овде за прв пат го среќаваме дебелиот дедо чија што санка ја влечат ирваси.

Популарноста на поемата си го направила своето, па за време на 19-от век, Дедо Мраз се појавувал во различна облека, кога на крајот на векот се зацврстува ликот на Дедо Мраз во црвен костум.

Илустрација: Дедо Мраз /Томас Наст, 1880-те

Најпопуларно

To Top