Животни приказни

„Одев по улица и плачев, скршена бев од болка“: Емотивна приказна на жена која го изгубила своето прво бебе

Беше 4 септември. Станав од креветот. Веќе петти ден ми доцнеше менструација, па си реков ај да го земам тестот за бременост кој секако го носев во ташната три месеци. Појдов во тоалетот и го направив тестот. Прво се појави негативната линија, а по 15-20 секунди и другата- позитивна. На мојата среќа и немаше крај.

Отидов на ултразвук и таму ми кажаа дека сум бремена веќе четврта недела. После седум дена отидов повторно, а докторката тогаш ми соопшти дека плодот не се развива добро. Бев во шок. Ми рече во понеделник да појдам да ме прегледа повторно.

На следниот ултразвук отидов на 15 септември, кај приватен лекар кој ми кажа дека на моето бебе почнало да му отчукува срцето. Почнав да плачам од среќа, но тогаш докторката забележа дека не е се во ред со бебето и ми даде некои таблетки.

После тоа кога повторно бев на контрола докторката ми го кажа истото. Така разочарани мојот сопруг и јас заминавме на море. Јас не сакав баш да одам, но моравме поради неговата астма. Пред да тргнеме знаев дека нешто нема да биде во ред, го чувствував тоа.

Прочитајте и...  Емотивна молба на една мајка до другите родители откако нејзината ќерка се роди мртва

Се вративме од одмор и повторно бев кај приватниот лекар. Додека докторката ми правеше ултразвук забележав дека моето бебе е пораснато, му се оформила главата, рачињата и ноџињата. Го кажав тоа, а докторката ми кажа дека неговото срце повеќе не чука. Ми рече да појдам следното утро за да ми направат киретажа.

Не знам како излегов од болницата. Одев по улица и плачев, скршена бев од болка. Не ме интересираше кој ќе ме види и што ќе каже. Беше први октомври. Во моментот се прашував зошто баш моето прво дете, но тогаш се сетив дека докторката ми кажа дека неговото срце не чука веќе 5 дена, сфатив дека Господ е голем. Јас сум родена на 27 септември, Крстовден, а тогаш срцето на моето бебе престанало да чука. Бог се насмевнал над мене, не сакал да патам ако бебето се роди со некаква аномалија.

Наредниот ден дојдов повторно во болницата. Чувствував голема тага и болка, но се тешев некако. Во собата имаше повеќе жени кои поминале низ истото, но најмногу ми помогна разговорот со една жена која веќе втор пат го изгубила бебето во десетата недела од бременоста. После првиот пат две години не пробувала да остане бремена од страв, а сега повторно. Таа има 36 години, па ме утеши дека сигурно повторно ќе останам бремена и дека вториот пат сигурно се ќе биде во ред.

Прочитајте и...  Видео кое ќе ви го разнежни срцето: Лавот татко за прв пат го гледа своето бебе

Ми направија киретажжа. Кога ми соопштија дека кога мојот циклус ќе започне повторно можам да пробам да останам бремена немаше крај на мојата среќа. Мислев дека ќе ми треба долго време за да се опоравам. Така да сега се радувам на мојата нова среќа. Јас го изгубив моето бебе во осмата недела, но верувам дека Бог ќе ми подари живо и здраво дете. Оваа загуба никогаш нема да можам да ја преболам. Тоа беше моето прво мајчинско искуство кое и не заврши така добро, но нема да застанам тука.

Најпопуларно


To Top