Текстови и колумни

„Одлучи…“

Learning to Forgive I

Некогаш утрото ќе го убие сонот,
некогаш душата ќе набере и кал,
но чиста мисла не се менува,
мислите за тебе ќе останат.

Во гревот си канџи бол
во разумов каллива измама,
во стравот опојна светлина.

А јас, кревко чедо, чиста синила,
понекој изгрев во мојот-твојот бол,
опојност љубовна- тоа си ми ти,
подади рака и одлучи.
Ќе плачеш или ќе простуваш?
Нишајќи си го зборот
во себе ќе се гушиш,
ќе молчиш, ќе молиш
со страв во непознатото да се вклопиш.
ќе чекаш да се спои другиот мрак
ќе чекаш години без капка жал.

Ко капка роса во пустина,
прејди мостови и кажи:
Ќе плачеш или ќе простуваш?

Јелена Ѓиноска

Прочитајте и...  Десеттата мини книгичка е тука! Прочитајте за новата авантура на нинџите!
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top