Случувања

Официјално: Жирафите додадени на листата на загрозени животни

За жал, човечката активност во живеалиштата на животните има направено повеќе штета од добро. Најновите последици на овие акции се додавањето на два подвида на жирафи на листата на загрозени животни, што значи дека тие се на ризик од исчезнување.

Интернационалната унија за конзервација на природата (IUCN) пријавува дека бројот се има намалено за 40% преку последните три декади, што ги натера да ги класифицираат жирафите како „ранлива“ категорија на листата на загрозени животни.

Според весникот The Irish Post:

„Два специфични подвида – Кордофан и Нубиан – се прекласифицирани како „Критично загрозени“ со популации кои нагло се намалуваат во дивините на Еритреа, Гвинеја, Буркина Фасо, Нигерија, Малави и Сенегал“.

Сите девет видови на жирафи имаат потешкотии со зголемување на нивниот број и претрпуваат многу штета поради рудниците, ловењето, агрокултура и градежништвото низ Африка.

Др. Џулиан Фенеси, ко-претседавач на IUCN Специјална Комисија за Преживување вели:
„Додека жирафите се честа глетка на сафари, во медиумите и во зоолошките, луѓето, вклучувајќи ги и конзерваторите не се свесни за што овие величенствени животни претрпуваат.

Додека популациите на жирафите во јужна Африка се во добра состојба, највисокото животно во светот е под огромен притисок во некои области низ Источна, Централна и Западна Африка.

Може да биде шокантно бидејќи три од моменталните девет подвидови на жирафи сега се „критично загрозени“ или „загрозени“, но ние го кажуваме овој факт веќе неколку години.“

Прочитајте и...  Џенифер Анистон и Елен Деџенерес се бакнаа во уста во шоуто на популарната водителка

Најпопуларно


To Top