Македонија

Ограбени студентите кои престојуваат во „Стив Наумов“ во време на карантинот

На Фејсбук групата на студентскиот дом „Стив Наумов“ се појави објава на студентка која информира дека таа и нејзината цимерка биле ограбени за времетраење на карантиниот, кога на студентите не им беше дозволено да престојуваат во студентските домови.

Според коментараите, ова не е и единствениот случај, a студентите имаат претрпено финансиска штета.

„Мене тексас палто ми фали.“ – вели друга студентка.

„Мене цела гардероба ми беше украдена“

„И мене и на мојата цимерка ни фалат многу работи од собата“

Ова го пишувам во свое име и во името на студентите сместени во студентскиот дом "Стив Наумов" во Скопје.Кога беше…

Gepostet von Сара Михајлова am Sonntag, 21. Juni 2020

Во склоп на СД „Стив Наумов“ во моментов се оперативни две згради и новите бараки изградени во 2014, кои се без видео надзор.

Публицист побара информација од ДСД Скопје, но не добивме никаков одговор.

Прочитајте и...  Тројца полициски службеници позитивни на коронавирус

Најпопуларно


To Top