Македонија

Охрид – изгубен град, ќе се избрише од листата на УНЕСКО

Од вкупно 1076 дивоградби на подрачјето на целата територија, 409 се наоѓаат во заштитениот појас на крајбрежјето на Охридското езеро, Националниот парк Галичица и стариот дел на градот, покажува регистарот на дивоградби кој го изготви општината, согласно препораките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Голем дел се однесуваат на урбана опрема, времени објекти, плажи, куќи, апартмани и сместувачки капацитети. Дел од предметите се за помали интервенции и градежни зафати на објекти. Тие биле изградени во период од 13 години од 2006 до мај 2019 година.

macedonia ohrid and lake ohrid ohrid emily wilson

Урбанистите се фрапирани од актуелната состојба. Поранешниот проектант во некогашниот Завод за урбанизам во Охрид, Димитар Зарчев за Алсат М вели дека станува збор за алармантна бројка.

Ако 13 години се направиле секоја година по 100, а досега никој не реагирал тогаш сум изненаден. Ова е огромна цифра. Бидејки за овие 13 години луѓето кои не го спроведувале законот не се санкционирани тие и ден денес работа во Општина Охрид. Нека дадат тие одговор која е причината за ваквата појава. Прво инспекцијата не работела, регулативата не работела, Заводот за заштита на спомениците не работеле. Јас не знам што се случува“ изјави Зарчев за Алсат М.

Прочитајте и...  ФОТО: Када на дното на Охридско Езеро

„Нема сила што ова ќе го среди. Според тоа Охрид е изгубен град“, вели тој.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top