in

Охридскиот гитарист Мартин Милески и инспирацијата зад неговиот прв деби албум “Colosseum full of emotions”

Мартин Милеки од Охрид е музичар, гитарист, композитор и голем љубител на добрата музика. Неодамна го промовираше неговиот прв деби албум наречен “Colosseum full of emotions”.

Албумот е составен од 8(осум) инструментални нумери. Мартин, со снимање на албумот започнал во 2017 година, а го објави, прво за странскиот пазар во април 2019 година.

Image may contain: nature, text that says 'COLOSSEUM FULL OF EMOTIONS Mileski'

Сниман е во студиото на Александар Јосифовски, “Lunar Acoustix”. На албумот исто така се слушаат звуците на Хендрик Зингер и Блаж Ангелков(гостин на една песна) на бас гитара и Мухамед Реџепоски на саксофон. Обвивката е дело на Александар Илиевски. Аранжманите на 7 од песните се дела од самиот продуцент Александар и Мартин, а еден од аранжманите е дело на, прерано починатиот, Андреј Лаброски.

Image result for martin mileski

„Сите нумери на овој инструментален албум се само едно огледало на мојот живот. Целосната инспирација за компонирање на песните ја извлеков од мои секојдневни ситуации. Болката кон моите прерано починати родители, до губење на саканите личности, па се’ до искрените детски насмевки и прегратки, старата и нова љубов, трнливиот пат кон успехот, и сите падови и подеми кои ме довеле до она што денес всушност сум. Сите тие настани ме доведоа до посакуваните тонови за да го искомпонирам моето првенче“, вели Мартин.

Image result for martin mileski

„Албумот на еден начин претставува биографска приказна, тежок и трнлив пат кој го изодив во минатите неколку години. Го посветувам на моите родители и мојата најголема љубов. Секоја од песните носи своја, уникатна емоција која што успеав да ја пренесам преку нотите на моите синглови.“

Неговите нумери за кои сме сигурни дека ќе ве воодушеват можете да ги слушнете на линкот подолу.

Прочитајте и...  Резервоар за вода откриен на Марс кој може да ја потопи цела планета

Заследете го и неговиот YouTube канал ТУКА за да бидете во тек со неговите нови изведби!

Роден во живот на тајни и мистерии
што станува море од емоции кои не преплавуваат,
се додека не сретнеш некој кој ќе ти го сруши светот.
И кога мислиш дека се’ е мрачно, го здогледуваш сјајот.
Некој кој ти покажува дека не е се’ така црно
додека тонеш во нејзините очи кои никој не ги знае како ти.
Во многу моменти, овој живот е суров и полн со предизвици,
но продолжуваш да се бориш за своите сништа,
зошто без нив, сме само бледи сенки.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote