Свет

Оперската куќа во Барселона со концерт кој наместо луѓе, го слушаа 2.292 растенија (ВИДЕО)

Оперската куќа Еl Liceu во Барселона отвори за првпат по три месеци.

Се одржа концерт, но наместо луѓе, концертот го слушаа 2.292 растенија!

Настанот се случи еден ден откако тримесечната вонредна состојба во Шпанија заврши. Дело е на шпанскиот концептуален уметник Евгенио Ампудија, кој рече дека инспирацијата потекнува од врската што тој ја изградил со природата за време на пандемијата.

Гудачкиот квартет пред тивката публика, ја изведе композицијата „Хризантема”, од италијанскиот композитор Џакомо Пучини, а изведбата беше пренесувана и онлајн во живо. Организаторите информираат дека сите расади ќе бидат донирани на здравствените работници, од првите борбени редови.

Прочитајте и...  Жената која го згрози светот повторно провоцира: „Не ми е жал апсолутно за ништо, ќе продолжам да ловам“

Најпопуларно


To Top