Оптималната количина сон е пресудна за успехот на децата на училиште

Кога децата ќе се вратат во училишните клупи, битно е да се осигурате дека спијат доволно за да имаат добри резултати на училиште, предупредуваат експертите. „Без оглед на возраста, децата имаат повеќе енергија, подобро се расположени и физички се поспремни кога имаат здрав и конзистентен сон“ вели еден од авторите на студијата.

Времето на враќање на училиште е одлична прилика за родителите да ги преиспитаат навиките на спиење и да воспостават здрава рутина за децата да добијат доволно сон.

На различните старосни групи деца им треба различна количина сон:

– деца од 4 до 12 месеци – 12-16 саати (вклучувајќи ја и дремката)
– деца од 1 до 2 години – 11-14 саати (вклучувајќи ја и дремката)
– деца од 3 до 5 години – 10-13 саати (вклучувајќи ја и дремката)
– деца од 6 до 12 години – 9-12 саати
– деца од 13 до 18 години – 8-10 саати

За средношколците посебно е битно добро да се наспијат затоа што кога не се наспиени тинејџерите имаат многу полоши резултати на училиште отколку кога се добро одморени, наведуваат експертите. Истражувањето покажало дека ненаспиените тинејџери може полесно да се збунат и имаат повеќе проблеми со паметењето податоци во споредба со тие кои спијат доволно, а недоволниот сон се поврзува и сто проблеми со фокусот, однесувањето и учењето.

Прочитајте и...  Откриена прекрасна византиска црква од 6-ти век кај Ерусалим (ФОТО)
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде