Занимливости

Ослабете со цимет: 3 начини на кои можете да го користите овој зачин за да изгубите килограми

Секој го има во својата кујна, а може да ви помогне со губење на килограмите.

Најароматичниот зачин на светот- циметот, својата употреба ја пронашол во сите светски кујни како составен дел на многу слатки задоволства, но во традиционалната медицина циметот се користи кај личности кои имаат проблем со прекумерна тежина.

Со земање на само половина лажичка цимет дневно дијабетичарите можат да го намалат нивото на шеќер во крвта, бидејќи неговите состојки катехина и епикатехина активираат инсулин и дејствуваат заеднички со него.

Експериментално е покажано дека циметот го смалува нивото на масти и лошиот холестерол, има фунгицидно дејство, односно ги уништува габите и го спречува нивниот раст. Циметот е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар и цинк, воглавно на недостатокот на минерали во повеќето продукти. Од витамини ги содржи Ц, К, пиродоксин (Б6) и рибофлавин (Б2).

Чајот наутро ќе биде уште повкусен ако во него додадете цимет, со што тој ќе стане природен напиток за слабеење. Уште подобро ако додадете и мед. На една шоља чај оптимално е да ставите една лажичка мелен цимет и две лажички мед. Калориите кои се наоѓаат во медот нема да се залепат за вашето тело, бидејќи циметот и медот се одлични сојузници во борбата против килограмите.

Прочитајте и...  18 инспиративни фотографии од двојки кои решиле заедно да ги променат навиките

Во попладневните часови на циметот и медот дојдајте и ѓумбир. Ѓумбирот и циметот се исто така одлична комбинација за слабеење. Во две лажички мед измешајте половина лажичка цимет и половина лажичка ѓумбир. Ова можете да го намачкате на кришка леб кога ви е време за ужина.

Во вечерните часови се препорачува да се свари 200 мл вода со половина лажичка цимет и половина лажичка мед. Да се испие половина час пред да одите на спиење.

Најпопуларно


To Top