Здравје

Ослободете се од стресот со чај од маточина

Чајот од маточина преставува вистински избор за надминување на стресните ситуации, ослободување од депресија, како и главоболки предизвикани од нервоза или од повраќањето на нервнa база.  

Чај од маточина(melissa officinalis) преставува вистински избор за надминување на стресните ситуации, ослободување од депресија како и главоболката која е предизвикана од нервоза или повраќање на нервна база. Делотворна е и кај нередовните менструации кои се предизвикани од стресот. Освен тоа, овој чај го подобрува и помнењето, зајакнува и го закрепнува срцето, делува анти бактериски и помага кај зацелување на раните.

Чајот се приготвува едноставно. Една лажица маточина или филтер вреќичка попарете со половина литар жешка вода, поклопете и оставете да поседи пет до десет минути. Процедете го чајот и пијте го.
За оние кои не знаат што е маточина, треба да се каже дека станува збор за билка со разгранети стебленца со висина до 60 сантиметри. Цветовите се бело-жолти, можат да бидат и сини и бледо розови, мирисаат на лимон, па ова билка уште се вика и ″лимон трева″.

Прочитајте и...  Колку долго треба да ги миете рацете за да го заштитите организмот од бактерии

Маточината е една од малобројните билки кои во исто време се лековити, убаво мирисаат, зачинска, ароматична и медоносна билка. Расте во близина на кошници со пчели, во градините и ливадите во шумите. Во парковите се одгледува како декоративна билка, а во градините како лековита билка. Цути од јуни до септември. За лек се берат листовите и тоа пред цутење, а целата билка додека цути. Се суши брзо и внимателно, под сенка.

Најважната состојка на маточината е етерското масло, кое се добива со дестилација со водената пареа на самата билка која е наберена во фаза на цутење. Убаво мириса, поради што се користи не само во фармацијата туку и во индустријата на парфемите и козметиката.

Најпопуларно


To Top