Дом и Градина

Основни правила за фенг-шуи почетници

Многумина посакуваат да го внесат фенг-шуи начинот на живот во своето секојдневие, но не знаат од каде да започнат.

Овие совети нека ви бидат почетна точка:

Елиминирајте го нередот – Ова е апсолутно најважно правило, но и едно од полесните.

Задржете се до неопходните предмети – Она што има шанса да ви користи, поправете го. Она што никогаш не мислите дека ќе ви затреба, слободно отстранете го.

Осветлување – Отворете ги прозорците и подигнете ги ролетните, така што ќе му овозможите слободен пат на природното светло.

Избегнувајте остри рабови – Според фенг-шуи острите рабови привлекуваат негативна енергија, па обидете се да ги ублажите на било каков начин.

Поправете ги сите одводи и доводи – Погрижете се ништо да не протекува во вашиот дом, затоа што тоа го симболизира протекувањето на парите од вашиот живот.

Бои – Ентериериерот не би требало да биде обоен во повеќе од 3 нијанси.

Прочитајте и...  Шест главни животни правила според кои секоја жена треба да се води

Исфрлете ги електричните апарати од спалната соба – Телевизор, компјутер, па дури и лаптоп. Спалната соба е место за одмор и релаксација.

Декорирајте со позитивни детали – Никогаш не ја заборавајте моќта на позитивните фигури и натписи во домот, но и романтичните свеќи.


Најпопуларно


To Top