Основни правила за убавина после четириесетата година: Време е да си посветите внимание какво заслужувате!

За да го задржите младешкиот изглед во зрелите години, избравме пет едноставни и практични совети кои ќе ви помогнат во тоа.

  • Здрава исхрана

Вашето тело, коса и нокти и тоа како ќе ви бидат благодарни. Правилната исхрана вклулува многу овошје и зеленчук, како и вода. Нека намирниците бидат од домашно потекло. Ќе забележите промена кај вашата кожа и коса, бидејќи ќе ги нахраните со потребните витамини.

  • Заштита од сонце

Ако сте се изложувале на сонце со години, или сте оделе во солариум, време е да престанете. Освен што порано ќе добиете брчки, постои и опасност од добивање рак на кожата. Користете производи со заштитен фактор (најмалку 30), носете шешири и наочари за сонце. Кремата со заштитен фактор носете ја во вашата чанта или во  автомобилот и нанесувајте неколку пати дневно.

  • Нега на лицето

Тоа мора да ви постане рутина. Чистењето на лицето и нанесувањето хидратантни креми наутро и пред спиење нека ви стане правило. На жените често им се случува да заминат на спиење, а претходно да не ја очистат шминката од лицето, посебно ако имале долг и исцрпувачки ден. Затоа влажните марамици нека ви бидат секогаш на дофат. Тие нема темелно да го очистат вашето лице од пудрата, но тоа е подобро отколку да заспиете со шминка. Шминката ги затвора порите и ја суши кожата. Важно е да легнете чисти и свежи. Наутро обавезно нанесете хидратантна крема, по можност со заштитен фактор, а освен на лицето нанесете на вратот и рацете.

  • Помалку е повеќе

Ако претходно сте сакале силна шминка, сега е време малце да олабавите. Често премногу шминка може да создаде впечаток дека сте постари од тоа што навистина сте. Пазете на вашиот тен и негувајте го лицето. Кога имате добар тен и негувана кожа, доволно е само маскара која ќе го подобри впечатокот за вас.

  • Почнете одвнатре

Покрај правилната исхрана и заштитата од сонце, вклучете и вежби. Пуштете ги ендорфините да циркулираат и да го одработат својот дел. Нема ништо попривлечно од опуштен израз на лицето и насмевка.

Прочитајте и...  Гуска спасува улично кученце од студ, загревајќи го со нејзините крилја
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.