in

Останала без пари па бездомник ѝ го платил таксито – нема да верувате што направи таа потоа

Доминик Харисон Бенсен од Престон доживеала нешто неочекувано кога на враќање со такси од градот, сфатила дека ја изгубила банкарската картичка при што не можела да го плати таксито.

Во тој момент добриот бездомник скокнал на помош и ѝ ги понудил единствените три фунти што ги имал.

Доминик секако одбила да ги земе парите, но одлучила да го основа фондот „Помогнете му на Роби”, за да му се оддолжи за гестот. Четири дена и биле потребни да го пронајде.

За само неколку дена биле собрани повеќе од 14.000 фунти а сајтот станал толку популарен така што поради големиот протек неколку пати се „срушил”.

-Инсистираше да ги земам парите за такси за да стасам дома безбедно. Иако одбив да ги земам парите многу ме трогна неговиот гест. Веднаш на Фејсбук се обидов да пронајдам некого кој знае нешто за него. Дознав дека не сум единствената на којa и помогнал, изјави Доминик за средбата со бездомникот Роби.

Прочитајте и...  8 Чудни факти за сексот кои не сте ги знаеле досега

Според она што Доминик го изјавила се јавиле неколку луѓе на кои Роби им ги вратил паричниците, им помогнал кога се изгубиле, а и го нудел својот шал на една девојка која се смрзнувала.

-Бездомник станал пред седум месеци не по своја вина, а не може да најде работа бидејќи нема живеалиште, додава студентката Доминик.

Нејзина примарна цел е од донациите на добрите луѓе да собере доволно за да може Роби да положи депозит за стан, што потоа ќе му даде можност да најде работа.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote