Случувања

Откриена нова гасна планета 3 пати поголема од Земјата

Три нови планети и шест супернови надвор од нашиот сончев систем се откриени од страна на Тес мисијата на НАСА во првите три месеци.

Откако започна со пребарување на небото во Јули, сателитот ги има идентификувано Pi Mensae c, „супер-земја“ која патува околу својата ѕвезда шест денови, и LHS 3844b, карпест свет со орбита од само 11 часа.

Најскорешното откритие е планета наречена HD 21749b, која има најголем орбитален период од 36 денови. Орбитира околу ѕвезда оддалечена 53 светлосни годи од соѕвездието Мрежичка, и се претпоставува дека има температура на површината од 150 целзиусови степени. Ова е релативно ладно, со оглед на блискоста до ѕвездата.

Диана Драгомир, истражувач во Институтот за Астрофизика при МИТ, кој го води истражувачкиот тим вели: „Ова е најладната планета која е откриена околу толку светла ѕвезда. Многу е тешко да се најдат мали планети кои орбитираат подалеку од ѕвездите, и се поладни. Но овде имавме среќа, и можеме да проучуваме една ваква планета подетално“.

Прочитајте и...  Раперката Ники Минаж заминува во пензија

Новата планета е три пати поголема и 23 пати помасивна од Земјата, што значи дека најверојатно е гасен џин и има атмосфера погуста од Нептун и Уран. Откритието е соопштено на годинешниот состанок на Американското Астрономско Друштво.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top