Црква од периодот на Византија посветена на неименуван светец е откриена денес во близина на Ерусалим, а по три години ископување, соопштиле денес израелските истражувачи.

edpxftvmfu otkriena prekrasna vizantiska crkva od 6 ti vek kaj erusalim mozaici freski i podzemni kripti vo zacuvana sostojba

При ископувањето биле откриени подови украсени со огромни мозаици кои прикажуваат птици, овошје или билки, разнобојни фрески и натпис на грчки кој ги збунил истражувачите, пренесува “Reuters”. 

“Во дворот на црквата најдовме еден натпис посветен на славен маченик, кој не е именуван и за нас се уште е мистерија”, рекол Бенјамин Сторхан, кој раководел со ископувањето.

Израелската управа за антиквитети проценила дека црквата, која се наоѓа западно од Ерусалим, датира од 6-тиот век.

Пронајдена е и подземна крипта под главниот дел на црквата и се верува дека во неа бил закопан маченикот на кој е посветена црквата.

“Ова е најсветото место во црквата”, рекол Сторхан и додал дека свештениците претходно го посетувале тоа место.

Според неговите зборови, иако споменатиот маченик не е познат, Сторхан рекол дека раскошот на комплексот можеби укажува на тоа дека тоа лице било важно, како и дека друг натпис покажува дека византискиот цар Тибериј Втори Константин помагал во финансирањето на црквата.

Прочитајте и...  Пресврт во 1971 година: 8 права за кои се изборија жените

“Постојат неколку стотици цркви во Светата земја, но оваа црква за многу ги надминува повеќето по состојбата на зачуваност и царското учество”, рекол тој.

Извор: tocka.com.mk

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за