Галерија

Отворен најголемиот фестивал на чудесни скулптури од мраз и снег во светот (Галерија)

Годинешниот Интернационален Фестивал на скулптури од мраз и снег во Харбин го трансформира градот во североисточната провинција на Кина, Хеилонгјианг во вистинска замрзната идила. Повеќе од милион посетители се упатуваат кон Харбин за време на фестивалот, за да ги погледнат огромните скулптури направени од блокови од мраз и тони на снег. Во 2019, 35от годишен фестивал ги отвори вратите на 5ти Јануари и ќе трае до крајот на Февруари.

Масивните скулптури од мраз и снег создаваат тематски парк од над 100 знаменитости, направени од уметници од 12 земји. Навечер, паркот е осветлен и се создава спектакл од неверојатни пропорции. Во неделите пред фестивалот, работниците поминуваа долги часови сечејќи блокови мраз од реката Сонгхуа.

Снежните скулптури се подеднакво импресивни, а најмасовната главна атракција е преку 32 метри висока и околу 99 метри долга. Од замоци од бајките до неверојатни фантастични суштества, овие скулптури од мраз и снег доказ за неверојатните можности на технологијата, што им овозможуваат на посетителите повторно да ги доживеат своите детства. Дали ќе се прошетате низ поле со 2000 снешковци или ќе влезете во замокот од мраз, овој фестивал ви нуди прекрасен поглед на зимските убавини.

Прочитајте и...  24 скулптури кои се противат на гравитацијата и ќе си поиграат со нашиот мозок

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top