in

Ова бебе е родено глуво но има најслатка насмевка на светот! (ВИДЕО)

Бебето кое е родено глуво се буди среќно, а лицето и се озарува од воодушевување кога ќе ги слушне мама и тато.
Откако и ставиле апаратче за слушање,малечката Георгина Адисон наутро се буди пресреќна. Ова четиримесечно бебе е родено глуво. И ставиле апаратче за слушање во двете ушиња кога имала само неколку недели.
Секое утро штом ги слушне мама и тато, Георгина се смее, гуга и го развеселува семејството.
Видеото го објавил нејзиниот татко, Пол Едисон од Харогејт во Велика Британија.
„Откако има апаратче за слушање тоа е како да сме и го запалиле светлото“, вели пресреќниот татко.
Секое утро се воодушевуваи се буди инстантно посреќна штом не слушне. Лицето и се озарува од воодушевување, продолжува нејзиниот татко.
„За нас родителите тоа е голема радост. Срцето ми се исполнува со среќа и верувајте такво нешто нема цена. Секое утро Георгина реагира како да слуша по прв пат, а нам тоа никогаш нема да ни здодее. Откако може да слуша преку апаратчето секое утро се смее“, додал тој за Telegraph.

Прочитајте и...  Ќе ви го разубави денот: Интересна средба меѓу козичка и кученце

https://www.facebook.com/FoxNews/videos/1101377486860212/

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote