in

Ова го немате видено: Во Нанси процвета новата сорта цвет (ФОТО)

Во францускиот град Нанси процвета новиот цвет што го носи името „Клематит Нанси-Ден на Земјата“. Оваа сосема нова сорта на цвеќе, е развиена по нарачка од градот Нанси, а по повод 50-годишнината од прославата на Денот на земјата, јави дописникот на МИА.

Како што пишува регионалниот весник „Л’Ест Републикан“, многу културни настани и манифестации и денеска се откажани.

„Природата во Празник“  не е исклучок. Исто како и „Денот на Земјата“ закажан за 22 април. Затоа ќе мора да почекаме до следната есен, и Ефемерната градина на плоштадот Станислас во Нанси, за да ја видиме со свои очи оваа нова сорта на клематит, кога официјално ќе му биде откриена на светот „Клематит Нанси-Ден на Земјата“.

Edition Nancy et agglomération | Une nouvelle fleur est née : la ...

„Денот на земјата“, оваа година требаше да ја прослави својата 50-годишнина – Еколошки настан со глобална димензија. И за да се прослави настанот, донесена е одлука да се создаде овој нов клематит. Изборот на оваа сорта беше едноставна, затоа што таа е една од специјалитетите на Виктор Лемоин, еден од најголемите одгледувачи на цвеќиња во историјата, кој работел и живеел во Нанси.

Прочитајте и...  Овој човек спаси 2 милиони деца: Има редок тип на крв поради кој 63 години несебично помагаше
Crédits : Francis Hallé, botaniste

-На овај ботаничар му ја должиме градинарската хибридизација на стотици разновидни сорти, особено на бегонии, јорговани, гладиоли, хортензии, итн. И секако клематит.  Оттука и изборот. Новата сорта на клематит ја доби  Арно Траверс, единствен современ одгледувач на меѓународно ниво, специјализиран за растенија за искачување, кој работеше на новото цвеќе две години.

„Клематитот Нанси Денот на Земјата“ е со длабока розова боја и веќе се планирани 6.000 растенија. Тие можат да се нарачаат веб-страницата jourdelaterre.org

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote