Здравје

Ова не сте го знаеле за црното чоколадо: Делува слично како канабисот и го намалува ризикот од депресија

Луѓето кои јадат црно чоколадо се помалку депресивни од другите, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во Канада.

67601174 364490820897960 2609772349825744896 n

Со истражувањето биле испитани над 13.000 луѓе при што е утврдено дека лицата кои јаделе црно чоколадо имале помалку проблеми со депресијата. Додека лицата кои јаделе млечно или бело чоколадо немала таков резултат.

Испитаниците кои јаделе црно чоколадо подолго од два дена имале за 70 отсто помали шанси да добијат симптоми на депресија. Додека лицата кои конзумирале какво било чоколадо имале за 58 отсто помалку изразени симптоми на депресија во споредба со тие што воопшто не јаделе чоколадо.

Чоколадото содржи прилично психоактивни состојки, меѓу кои и два вида анандамин, кои предизвикуваат еуфорија слична како и канабисот. Црното чоколадо содржи и голем број антиоксиданси кои ги намалуваат инфламаторни процеси во телото, за кои голем број научници веруваат дека ја предизвикуваат депресијата.

Чоколадото содржи и фенилетиламин, неуромодулатор за кој се претпоставува дека е важен регулацијата на расположението.

Прочитајте и...  5 намирници кои ги ублажуваат сезонските алергии

Истражувањето покажало дека ризикот од депресија се зголемува и со пушењето цигари.

Над 300 милиони луѓе во светот страдаат од депресија. Дополнително треба да се утврди дали црното чоколадо штити од депресија или го намалува ефектот на депресија кај конзументите.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top