Забава

Ова село еднаш годишно испливува на површината: Еве зошто мештаните и натаму се враќаат, иако го нема

Едно село во западната индиска држава Гоа, е едно од најинтересните на светот бидејќи мештаните во него и натаму се враќаат, иако повеќе го нема.

Имено, селото е видливо само еден месец во годината, останатите 11 се наоѓа под море. 

Селото Курди е сместено меѓу ридот Гата и реката Салаулиме. Некогаш тоа било многу плодно село, со околу 3.000 жители, се до 1986-та, кога целосно исчезнало.

Откако била изградена првата брана во државата, селото било потопено во целост. Секоја година во мај водата се повлекува и покажува што денес останало од него.

Тогаш на површината излегуваат остатоци од куќи, религиозни градби и многу предмети кои луѓето некогаш ги користеле.

Одгледувале кокос, индиски ореви и манго. На едно место живееле хиндуси, муслимани и христијани. Постоел главен храм, неколку помали, капела и муслиманско светилиште.

Работите драстично се промениле кога Гоа била ослободена од Португалците во 1961-а година. Првиот министер Дајананд Бандодкар го посетил селото и најавил изградба на брана, прва во државата. Ги собрал мештаните и им зборувал каква корист ќе има браната за целото подрачје.

Прочитајте и...  Короваи: Запознајте ги мистериозните канибали, „луѓето од дрвјата“

“Кажа дека ќе го потопи нашето село, но дека нашата жетва ќе биде за поголемо добро”, вели 75-годишниот Гајанан Курдикар, кој се уште се сеќава на тој состанок.

Поради проектот раселени биле околу 600 семејства. Добиле земја во соседното село и компензација.

KxZh22vWkN ova selo ednas godisno isplivuva na povrsinata eve zosto mestanite i natamu se vrakaat iako go nema

Требало да се обезбедат 400 милиони литри вода дневно за граѓаните. “Кога дојдовме во тоа ново село, немавме ништо”, се потсетува Инасио Родригез, кој бил меѓу првите кои се преселиле таму во 1982-ра година.

Останале во привремени домови додека не изградиле свои, од темел. На некои за тоа им биле потребни речиси пет години. Гурачаран Курдикар имал 10 години кога неговото семејство се преселило 1986-та година.

“Се сеќавам дека моите родители ставија се што имаа во камион. И мене, и брат ми и баба ми. Тие нас не следеа со своите мопеди”, се потсеќа овој денес 42-годишен маж.

RhSP6wQ69R ova selo ednas godisno isplivuva na povrsinata eve zosto mestanite i natamu se vrakaat iako go nema

Неговата мајка Мамта Курдикар исто така се сеќава јасно на тој ден.

Прочитајте и...  На кој начин дрвјата разговараат едни со други?

“Мислам дека бевме меѓу последните семејства кои останаа. Вечерта пред тоа врнеше силен дожд. Моравме да заминеме веднаш. Не можев да го понесам ни млинот за брашно”, вели таа.

Меѓутоа, водата од браната никогаш не дошла до селото од кое се преселиле. “Тој систем кој ни го ветија не дојде до селата на југот на Гоа како што ветија. Од таа брана не добивме ни вода за пиење”, вели Гајанан Курикар.

5RW84qX2hZ ova selo ednas godisno isplivuva na povrsinata eve zosto mestanite i natamu se vrakaat iako go nema

Во Ведем, каде сега живее, постојат два големи бунари, кои пресушуваат во април и мај. Тогаш им се потребни државни цистерни. Кога водата се повлекува, во мај, жителите на Курди го посетуваат својот изгубен крај.

“Тие својот идентитет го темелат на земјата со која биле блиско и директно поврзани. Можеби и поради тоа ја паметат и секогаш и се враќаат”, рекол социологот Вениша Фернандез.

Преземено од Точка

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top