Дом и Градина

Ова сигурно го имате во кујната, а не знаете каков спас е за вашата градина

Ако ја применувате на вистинскиот начин, сода бикарбоната може да биде вистински спас за вашите билки.

Најверојатно во вашиот дом имате неколку кесички сода бикарбона кои заземаат простор и на кои сигурно сте заборавиле. Ова бело богатство не смее да стои неискористено. Содата бикарбона со векови се користи како помош при чистење на куќата, дезинфекција, како прва помош за убавина и здравје, но, дали сте знаеле дека може да се користи и како помош за вашата градина?

Содата можете да ја користите наместо пестициди. За да ги уништите штетниците, содата е 100 пати поефикасна и подобра од пестицидите. Можете да направите органски спреј за пестициди кој може да ги убие инсектите кои ги оштетуваат билките, а притоа да не им наштетите на корисните инсекти, нам и на нашата планета. Измешајте една лажичка сода бикарбона, една третина чаша маслиново масло и една чаша вода. Добро измешајте ја оваа комбинација, така што содата добро ќе се раствори. Потоа ставете ја смесата во распрскувач и испрскајте ги билките.

Прочитајте и...  Билки кои ги бркаат инсектите од вашиот дом

Ако имате проблем со мравките, можете да ги уништите на нивниот извор и тоа со комбинација од сода бикарбона, шеќер и оцет. Едноставно додајте пет лажички шеќер во прав во еден сад и измешајте со сода бикарбона. Не користете кристален шеќер, туку исклучиво во прав, затоа што мравките се доволно паметни да ги раздвојат зрната сода бикарбона од шеќерот. Кога ќе јадат сода помешана со шеќер, тоа ќе ги уништи.

За да бидете сигурни дека сте ги убиле сите мравки, земете јаболков оцет во распрскувач, па испрскајте го патот на мравките. Тоа сигурно ќе ги убие затоа што оцетот содржи фунгицид кој е смртоносен за мравите.

Најпопуларно


To Top