Текстови и колумни

Оваа поема ќе ви го одземе здивот! – Поема за една мртва љубов

Љубовта твоја ја носам како куфер.
Тежок и голем куфер.
Од навика и принципи.
Од осудена надеж и копнеж за уште.
Од страв да не го оставам сам да почива пред нечии очи.
Носталгијата ми го гори телото.
Како испиени безброј вотки.
Во дното на чашата едно име.

Љубов која што повеќе ја држиш откако умрела се повеќе гори и уништува се пред себе.
А ти се плашиш да пуштиш, зошто немаш на која дршка да се фатиш.
Па бараш туѓи очи.
Бараш утеха.
Пробуваш да замислиш милион сценарија, но од самата помисла ти се гади.
Од туѓи раце и туѓи зборови.
А сакаш само да почиваш на мир.
Долго време ја носиш љубовта која умрела
Зошто ти е страв ако почнеш да ја закопуваш ќе треба да ги отвориш и писмата и спомените пред да ја запалиш.
Треба да се соочиш.
Да погледнеш во очи на минатото и да се фрлиш во скок на непознатото.
И не е толку страшно верувај ми.
Само еден чекор те дели до сосема нова слика.
Но, нозете како олово се закопале во земјата која полека те јаде со мртвото во тебе.
А не знаеш дека тоа што го носиш е празно, а твоите спомени го прават да тежи толку на душата.
Твоите илузии те лажат дека чуствуваш воздишки.
И мислиш дека оживува.
И ништо не е потешко од тоа да носиш љубов која умрела а ти со последен здив и даваш воздух.
Ништо.
Направи го чекорот кон непознатото.
И земи здив…
Но овој пат ЗА СЕБЕ !

Прочитајте и...  Приказна за девојката, океанот и ѕвездите

Пишува: Јелена Ѓиноска

Најпопуларно


To Top